Нема веќе да има симулирање на повреди: ФИФА воведува ново правило!

155
ФОТО: FIFA.COM

ФИФА има намера да воведе ново правило во фудбалот и тоа се со цел да го намали одолговлеклувањето на играта. Секако дека ако се воведе ова правило, фудбалската игра и тоа како ќе биде променета.

Според достапните информации, иницијативата ја водат ФИФА и Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), телото задолжено за усвојување и измена на фудбалските правила.
Суштината на предлогот е едноставна, но многу строга. Секој играч кој ќе добие медицинска помош на теренот ќе мора да остане надвор од играта цели 60 секунди потоа.
Ова значи дека фудбалерот, откако ќе му биде укажана помош, нема да може веднаш да се врати во игра, туку ќе мора да помине цела минута на аут-линијата, без оглед на важноста на моментот во натпреварот. Целта на оваа мерка е јасна – да се спречат симулации и намерно одложување на играта со цел да се зачува предноста или да се забави ритамот на противникот.
Ваквата ситуација би можела да отвори простор противникот да ја искористи бројчената предност, што би им донело нова тактичка димензија на тренерите. Предлогот официјално ќе биде разгледан оваа сабота на годишното генерално собрание на IFAB, каде што ќе се гласа за него.
Би било особено интересно да се види како тимовите би се прилагодиле на крајот од натпреварите, кога прекините и медицинските интервенции се најчести.
Некои експерти ја поддржуваат оваа идеја, тврдејќи дека тоа ќе придонесе за фер-плеј и ќе го зголеми ефикасното време за играње.

ПретходноОхрид ја потврди класата против Т. Пролет
СледноБарселона претстави фудбалер со кого потпиша на крајот на зимскиот преоден рок