Зад нас е 19. коло во ПМФЛ. Лидер на табелата и натаму со голема бодовна разлика зад конкурентите е Вардар, има 51 бод, шест повеќе од Шкендија која е втора. Третото место и припаѓа на Струга (42), по што следи Силекс со 35 бода, Башкими со 26, Арсими има бод помалку 25, додека Тиквеш е седми со 24 бода.
Во опасната зона за испаѓање на дното е Работнички со само 10 бода, Македонија ЃП е претпоследна со 19 бода, додека пак Пелистер им 20 бода, три помалку од осмопласираната Брера.
Резултати 19 коло: Македонија ЃП – Тиквеш 0-1, Шкупи – Арсими 0-3, Силекс – Шкендија 1-2, Пелистер – Струга 1-1, Вардар – Башкими 1-0, Брера – Работнички 3-4.
Сите интересни моменти од ова коло можете да ги видите во продолжение.















