Познати се судиите за реванш средбата од нокаут – фазата во плеј-офот во Лигата на Конференции меѓу Самсунспор и Шкендија, кој се игра во чертврток од 18:45 часот во Самсун.
За главен судија е одреден Симоне Соца од Италија, негови помошници се Давиде Империале и Алесио Берти, додека четврти ќе биде Кевин Бонацина, сите од Италија.
И во ВАР собата ќе бидат Валерио Марини и Даниеле Довери од Италија. Ова се познати судии кои редовна ја делат правдата во Серија А како и во фудбалска Европа.
Соца има 38 години, а судел мечеви од ЛШ оваа сезона, бил главен на Супер Купот на Италија меѓу Интер и Милан (2:3).
Да потсетиме дека на првиот меч во Скопје кој се одигра минатиот четврток, Самсунспор успеа да слави со 0:1, па така Шкендија ќе има тешка мисија во реваншот.










