Јакимовски: Со новиот селектор има една цел – да играме брза кошарка

128
Фото: КФСМ

Андреј Јакимовски беше еден од нашите најдобри играчи на почетокот од овој претквалификациски циклус за места кои водат на Евробаскетот во 2029 година.

На двете средби во кои Македонија реализираше две победи, прво дома, против Азербејџан, потоа и на гостински терен, против селекцијата на Ирска, комплетираше 61.поен. Односно во просек по 25.5 поени по натпревар, кои го прават прв стрелец во нашиот национален тим. А неговите просечни осум скока, го ставаат веднаш заедно со ефектот на Џејкоб Вајли на листата на најдобрите скокачи.

Играчот на италијанскиот Тренто максимално подготвен го дочекува новиот репрезентативен собир.

„Мислам дека треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија. А сега, со помош на новиот селектор да го поставиме тој систем на игра. Краток е периодот за подготовка, ама мислам дека ќе успееме.

Досега не сме играле со Луксембург. Имаат доста добри играчи, Очекувам добар натпревар, а нашиот фокус е само на нас. И да ја подобриме нашата игра како што го направивме тоа во претходниот циклус“ – потенцира Јакимовски пред дуелот со Луксембург, во петок навечер, од 18.часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Ги пренесува и првите впечатоци околу соработката со новиот селектор, Жозеп Мариа Берокал…

„Супер сме. Како што селекторот кажа, сака брза игра, игра во транзиција. Поставиме неколку напади, поставивме и систем во одбрана. Со интенција да имаме брза игра.

Да, периодот за тоа е краток. Не може да се пстаават повеќе работи во овие три-четири дена. Се надевам дека во наредниот циклус за време на летниот период ќе може да тренираме повеќе и селекторот да го постави својот стил на игра“ – дополнува нашиот голем адут за натпреварите кои следуваат.

ПретходноФФМ откри документи поврзани со „местенки“ во фудбалот
СледноБез Лејсон Зеќири во овој претквалификациски циклус!