ЛШ: Интер по пресврт против Бодо/Глимт, ќе биде “жешко“ во Мадрид!

136
ФОТО:facebook.com/Inter

Вечерва на програмата се четири реванш средби од плеј – офот во Лигата на Шампионите. Повеќе од јасно е дека најинтересно треба да биде на “Меаца“ во Милано каде гигантот Интер го дочекува Бодо/Гимт. Зарем некој можеше да поверува дека Норвежаните ќе дојдат во Милано со предност од 3:1. Секако дека двократнит вицешампион на Европа во последните три сезони нема така лесно да му го препушти местото на Бодо/Глимт во осминафиналето.

Атлетико Мадрид ќе има полесна задача од Интер, ама секако дека ќе биде супер – интересно на “Метрополитано“ против Клуб Бриж ако се знае дека на првиот меч во Белгија беше 3:3. Значи на четата на Диего Симеоне му е потребна било каква победа.

Њукасл е веќе во осминафиналето по тие 1:6 на гости кај Карабах, вечерашниот меч на „Ст.Џејмс Парк“ ќе биде само чиста формалност.

Пред речиси готов пласман во следната фаза е и Баер Леверкузен кој вечерва игра дома на „Бај Арената“ против Олимпијакос и овој реванш го стартува со предност од 2:0, резултат од првиот меч во Грција.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА

18:45

Атлетико Мадрид – Клуб Бриж (3:3)

21:00

Интер – Бодо/Глимт (1:3)

Њукасл – Карабах (6:1)

Леверкузен – Олимпијакос (2:0)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

ПретходноМојс: Не сум среќен, не заслуживме да изгубиме
СледноПолувреме во Купот: Без голови на ФФМ, Шкендија (А) со водство против Работнички!