Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот: Македонија-Луксембург, кој е дел од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат влезен билет, преку онлајн сервисот на „МКТикетс“.
Еден влезен билет за овој натпревар, чини 150 денари (во делот од салата, односно трибината зад кошевите во салата „Градски парк“), а 200 денари чини билетот за централната трибина во комплетно реновираниот спортски објект во Скопје.Натпреварот Македонија-Луксебург се игра на 27.февруари (петок), почнува од 18.часот,
Сите во сала, да им дадеме максимална поддршка на најдобрите македонски кошаркари!
ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАТПРЕВАРОТ: МАКЕДОНИЈА-ЛУКСЕМБУРГ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК










