Според некои американски медиуми, центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, веќе некое време има проблеми со десниот глужд, кој го мачи од почетокот на февруари. Според НБА инсајдерот Марк Спирс од ESPN, Јокиќ се бори со повредата која датира од февруари, кога Денвер играше против Лос Анџелес Клиперс.
Иако информациите станаа јавни по поразот од Голден Стејт, проблемот наводно е присутен веќе неколку недели. Спирс истакнува дека српскиот центар „не изгледа како вообичаено“, но дека и покрај тоа, тој продолжува да настапува за да му помогне на тимот во чувствителниот дел од сезоната.
Доколку пропушти повеќе натпревари, тоа би го довело во прашање и неговото право на индивидуални награди, што дополнително би создало притисок да остане на теренот.










