Македонската таеквондо федерација денескa одржа редовно годишно собрание.
Федерацијата која го обединува најуспешниот спорт во Македонија на собранието донесе неколку важни одлуки.
Стефан Костовски беше избран за генерален секретар на МТФ. Собранието го донесе и Лига системот за 2026 година, а беше донесена и годишна програма за работа на МТФ.
МТФ останува со својата највисока цел, остварување на врвни спортски резултати, а македонското таеквондо да остане водечки спорт во Македонија.
На собранието беа доделени плакети и признанија.










