Мелсунген има предност: Бркотница, длабока негатива и на крај на полувреме со минус еден

124

Во полувреме со многу падови, Вардар на крајот на првиот дел од натпреварот со германски Мелсунген, успеа да дојде на само гол негатива (18:19). Гледајќи го сето она што се случуваше во СЦ Јане Сандански, овој резултат е „полна капа“ за момците на Иван Чупиќ кои разочараа со пристапот со кој влегоа во ова прво полувреме.

Гостите кои во скопје допатуваа со многу променет состав, диктираа темпо и во добар дел од полувремето имаа голема предност. Неколкупати Мелсунген се одвојуваше на +6, па Вардар мораше да брка резултат и да ја топи предноста на Германците.

Во замиот финиш „црвено-црните“ успеаја да се консолидираат во нападот, а особено во одбраната и да дојдат на подносливи минус еден и шанса во вториот дел да одат кон посакувана победа.

Воркапиќ со 6 гола е најефикасен кај Вардар по првиот дел.

ПретходноЕСПН: Јокиќ игра повреден за да остане во трка за МВП?!
СледноГолем проблем за Арбелоа: Утре и на следните два меча Реал е без Мбапе