ЛШ: Николов и “шерифите“ против Шахтјар, дербито е на “Енфилд“ а Бриж нека му ја мисли…

102

Вечерва се играат осум натпревари од А до Ц групите во Лигата на Шампионите од 1.коло. Вчера и официјално стартуваше новата сезона во најелитното натпреварување во Европа, а вечерва ќе имаме неколку супер интересно дуели.

Секако дека за нас главно ќе биде она што ќе се случува на дуелот меѓу Шериф Тираспол и Шахтјхар Доњецк, и тоа поради фактот дека единствениот Македонец кој оваа сезона ќе игра во ЛШ е член на молдавскиот клуб.

Во групата Д покрај овој меч се среќаваат и Интер и Реал Мадрид. Меч на гигантите.

Во групата А екипата на Клуб Бриж игра дома против ПСЖ, против триото Нејмар – Меси- Мбапе. Додека Манчестер Сити го дочекува Лапциг.

Во групата Б супер дербито на вечерта е на “Енфилд“ каде Ливерпул му е домаќин на Милан. Во вториот меч од оваа група во Мадрид тимот на Атлетико игра со Порто.

И во групата С, се среќаваат Бешикташ – Дортмунд и Спортинг – Ајакс.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ГРУПА-А

Клуб Бриж – ПСЖ (21:00)

Манчестер С – Лајпциг (21:00)

ГРУПА-Б

Атлетико – Порто (21:00)

Ливерпул – Милан (21:00)

ГРУПА -Ц

Бешикташ – Дортмунд (18:45)

Спортинг – Ајакс (21:00)

ГРУПА-Д

Шериф – Шахтјар (18:45)

Интер – Реал Мадрид (21:00)

ПретходноТурскиот моден бренд „Кигили“ е нов спонзор на КФСМ!
СледноФОТО НА КОЛОТО: И Шкупи е СО ТЕТОВО!