Реал без Мбапе во следните неколку недели

48
ФОТО:Real Madrid C.F./FB

Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе го пропушти вечервашниот реванш натпревар од плејофот за Лигата на шампионите против Бенфика, потврди клубот.

Напаѓачот продолжува да се мачи со проблем со левото колено поради кој пропушти неколку натпревари во последните недели. Медицинскиот и тренерскиот персонал темелно ја разгледа ситуацијата и беше одлучено дека играчот ќе остане надвор од составот.

„Марка“ додава дека отсуството на Мбапе може да биде подолгорочно и дека тој може да се врати во составот на Реал Мадрид само за осминафиналето од Лигата на шампионите, кое треба да се одржи во втората недела од март.

За да го стори тоа, Мадрид треба да се справи со Бенфика вечерва, откако победи со 1-0 во Лисабон пред една недела.

ПретходноАлкалоид го закажа новото дерби со Вардар 1961
СледноАлармантна состојба: Работнички е на работ на егзистенција – може да згасне преку ноќ!