Македонскиот интернационалец во редовите на Железничар, Матеј Цветаноски на денешниот куп натпревар на својот тим против тимот на Слога Добој, се здоби со тешка повреда односно скршеница на ногата.
Босанските медиуми веднаш ја пренесоа веста, со назнака дека се работело за страотна сцена во која веднаш станало јасно дека се работи за тешка повреда на нашиот интернационалец. Несреќниот момент се случи по стартот на противничкиот играч Мандиќ
Веднаш реагирал лекарскиот тим на Железничар, а потоа со возилото на итната помош Цветаноски бил пренесен во болница.










