Искусниот македонски интернационалец, и поранешен репрезентативец, Душко Трајчевски е нов играч на тимот на Скопје. Второлигашот зимава направи сериозен ремонт во позитивна насока на тимот, доведувајќи голем број на искусни пред се и квалитетни имиња.
Со тоа на Автокоманда се сака да се направи сериозен исчекор во насока на зголемување на шансите сезонава да се избори пласман во ПМФЛ шампинатот.
Трајчевски последно настапуваше во Србија, за тимот на Динамо Југ, а пред тоа за Гостивар. Долго време беше на Кипар, а звездените моменти во домашниот шампионат ги доживеа со тимот на Работнички со кого беше дел од онаа генерација која го елиминираше Трабзонспор, и имаше долго успешно европско лето.










