Историјата на меѓусебни пресметки вели: Македонија е класа за Луксембург

164

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги одмери силите против Луксембург во рамките на претквалификациите за ЕП 2029 година. Нашите момци се фаворити на оваа средба, исто како и претходно. Мечот е закажан во салата „Лазар Лечиќ/поранешна Градски Парк“ со почеток во 18 часот.

Досега низ историјата, одиграле четири натпревари против селекцијата на Луксембург, и сите четири ги решиле во своја корист.

За прв пат, „црвено-жолтите“ се сретнале со селекцијата од средишниот дел од Европа во квалификациите од Дивизијата „Б“ за пласман на ЕП во Србија и Црна гора во 2005 година.

Две убедливи победи, прво на гостински терен со (94:69), нешто подоцна и на домашен (105:66), беа најава за пробојот на нашиот национален тим кон „А“ дивизијата (во друштво со селекциите на Финска и на Грузија).

Требаше да поминат 12. години, за овие две селекции одново да се „судрат“ во еден квалификациски циклус. Овојпат, за пласман на Европското првенство во 2017 година.

И во тој период од 31.август до 18.септември, 2017 година, одигравме два натпревари против репрезентацијата на Луксембург. На отворањето на тие квалификации, во салата „Јасмин“ во Кавадарци, победивме со сигурни (89:75), во натпревар во кој актуелниот капитен нa нашиот национален тим, Војдан Стојановски беше најефикасниот актер, реализираше 28.поени.

Тимот во кој ба и неговите сегашни соиграчи, како Андреј Магдевски и Стојан Ѓуроски, извојува триумф и на гостински терен во Луксембург (82:74), во тој квалификациски циклус во кој за прротивници ги имавме и репрезентациите на Велика Британија и Унгарија.

ПОГЛЕД НИЗ ИСТОРИЈАТА

МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 4-0

(меѓусебни натпревари)

Квалификации „Б“ дивизија за ЕП во Србија и Црна Гора во 2005 (во група со репрезентациите на Финска и Грузија)

Луксембург – Македонија 69:94

Македонија – Луксембург 105:66

Квалификации за ЕП во 2017 година (во група со репрезентациите на Велика Британија и Унгарија)

Македонија – Луксембург 89:75

Луксембург – Македонија 74:82

ПретходноПознати се двојките и во осминафиналето од Лигата на Европа
СледноЛигата на Конференции ги одбра осминафиналистите