Одредени четвртфиналните парови од Купот на ОФМ 2026

33

Бранителот на куп-титулата во машка конкуренција Штип УГД ќе се соочи со Лирија на патот кон Ф4 од Купот на ОФМ 2026, додека во женска конкуренција Наковски Волеј ќе игра со градскиот ривал Струмица жени во ¼ финалната фаза од ова натпреварување.

Вака одреди денешната полудиригирана ждрепка, во која клубовите беа поделени во два шешира според пласманот на табелата по завршувањето на есенскиот дел од сезоната.

Кај мажите ланскиот финалист и актуелен шампион Струмица 47&72 во четвртфиналето ќе ги измери силите со Шкендија, додека Работнички 71&22 за противник го доби Универзитет во Тетово. Последната двојка кај мажите е ГОК Борец и Сушево.

Во женска конкуренција ждрепката одреди во ¼ финалето да се сретнат уште и Газели Волеј и Пелистер Волеј, Младост УГД ќе го пречека ланскиот финалист Јанта Волеј КВ, додека Работнички Скопје и Вардар ЕМ ќе се сретнат во уште едно градско дерби.

Натпреварите од оваа фаза од Купот се играат на 4 март, а победниците ќе играат на финалниот турнир.

КУП НА ОФМ 2026

ЧЕТВРТФИНАЛЕ МАЖИ

Струмица 47&72 – Шкендија

Штип УГД – Лирија

Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово

ГОК Борец – Сушево

ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЖЕНИ

Газели Волеј – Пелистер Волеј

Наковски Волеј – Струмица жени

Младост УГД – Јанта Волеј КВ

Работнички Скопје – Вардар ЕМ

ПретходноЛигата на Конференции ги одбра осминафиналистите
СледноРФМ со популарна цена за дуелот меѓу Македонија и Белгија