ФФМ ја поддржува иницијативата: „Спортските игри за млади“ за првпат во Македонија

146

За првпат во Македонија ќе се одржат „Спортските игри за млади“, проект што ги обединува дечињата од целиот Балкан под покровителство на Министерството за спорт.

Со приклучувањето кон „Спортските игри за млади“, стануваме дел од големото регионално спортско семејство во кое веќе се ХрватскаСловенијаСрбија и Босна и Херцеговина. По тој повод во Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски организираше прием за федерациите кои го поддржуваат овој значаен проект.

„Како претседател на Фудбалска федерација на Македонија, ми претставуваше чест што заедно со селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски, ја претставувавме ФФМ и ја дадовме нашата поддршка. Верувам дека преку вакви иницијативи создаваме нови пријателства, градиме здрави навики и испраќаме силна порака дека спортот обединува. Децата се нашата иднина, а спортот е нивниот најубав пат кон успехот“, истакна Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

Проектот е поддржан и од нашите спортски легенди како Петар Наумоски, Индира Кастратовиќ и Игор Стефановски-Иџе, како и од познати регионални и европски спортски имиња Жељко ОбрадовиќАљоша АсановиќСлавен БилиќПредраг МијатовиќВеселин ВујовиќПредраг Даниловиќ, Шиме Врсаљко и Стипе Плетикоса.

Во Владата на Република Македонија, официјално беше потпишан договорот меѓу претседателката на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на „Спортски игри за млади“, Здравко Мариќ со кој Македонија стана дел од оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа што се одржува покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија и други важни организации, кои имаат за мисија да ги поместат границите на младинскиот спорт.

Со ова, Македонија официјално станува дел од едно големо балканско спортско движење кое има за цел да ги обедини младите преку фер-плеј, пријателство и здрави животни вредности.

ПретходноИгрите се закон! Македонија добива европска димензија со „Плазма Спортски игри за млади“
СледноАндов: Почнуваме ново поглавје во женската репрезентација