Јамал со првиот хет-трик на само 18 години и донесе нова победа на Барса (ВИДЕО)

73
фото: FC Barcelona (X)

Ламин Јамал ​​го постигна својот прв хет-трик во кариерата и и донес епобеда на барселона од 4:1 на мечот со Виљареал попладнево на „Камп Ноу“.

Младиот ас на Барселона денес направи разлика во дуелот меѓу првиот и третиот на табелата во Ла Лига и со три фантастични гола ја крена публиката на нозе.

Меси имаше 19 години кога постигна три гола на еден натпревар за првпат во кариерата, додека младиот Шпанец успеа тоа да го стори на 18 години, седум месеци и 15 дена.

Фермин Лопез му асистираше двапати во првото полувреме, а кога Папе Геј ја врати „жолтата подморница“ во натпреварот со голот за 2:1 во 49-тата минута, следеше третиот гол на Јамал, овој пат по додавање на Педри.

Роберт Левандовски стави „точката“ на победата со гол во судиското продолжение.

ПретходноКонечно Ливерпул покажа зошто е шампион, спектакуларен меч за инфаркт одиграа Барнли и Брентфорд!
СледноГРК Охрид го „скрши“ Бутел Скопје во второто полувреме