Дилан Осетковски и Шејк Милтон, кошаркари на белградски Партизан, моментално се „заробени“ во Дубаи поради воената состојба. Тие во овој момент не се загрозени, но аеродромите се затворени и сега бараат начин што поскоро да се вратат во Белград, кога тоа ќе биде можно.
Жоан Пењароха, тренерот на Партизан, им даде на сите играчи неколку слободни дена, а Милтон и Осетковски решија да се одморат во Дубаи, што очигледно не беше добра одлука.
Поради војната меѓу Иран против Америка и Израел, погодена е и територијата на Обединетите Арапски Емирати, но засега, за среќа, нема голема драма околу кошаркарите на Партизан.










