Вардар 1961 повторно со тесна победа против Алкалоид

216
Фото: РК Алкалоид

Дербито во Автокоманда и овој пат го доби поискусниот. Вардар 1961 славеше со 32-33 (17-19) против Алкалоид во првиот меч од плеј-офот. Тренерот на Алкалоид на овој меч не сметаше на Игор Ѓоргиев, кој се здоби со повреда токму на мечот против „црвено-црните“ пред една недела, надвор од терените и натаму е Мартин Серафимов.

Воркапиќ со 10 гола беше прв стрелец кај победникот, зад него со по шест гола беа Хориха и Да Силва, Валах имаше 9 одбрани. Во редовите на домашниот тим, Никола Костески запиша седум гола, по пет имаа Марко Митев и Борзаш.

Интересно прво полувреме, Митев го отвори мечот за 1-0. На другата страна Лазаревски и Митровиќ го донесоа првото водство на гостите од 2-3. По голот на Воркапиќ за 7-8, Митев и Џонов во 13-та минута реализира за 9-8. Неизвесноста продолжи, по што Вардар со серија 4-1 во 26-та минута дојде наа плус 4 (14-18). Алкалоид на одморот намали на 17-19.

На стартот на вториот дел, гостите по втор пат на мечот дојдоа на плус 4 (17-21). Оваа позитива „црвено-црните“ ја имаа до пред 40-та минута кога домаќинот успеа да дојде на минус два (22-24), три минути подоцна Никола Костески од седум метри го врати својот тим на 24-25, а потоа и на 25-26.

Наместо да дојде на нови минус еден, Алкалоид не искористи шанса да се закани уште посериозно по исклучувањето на Воркапиќ, па Хориха зголеми на 26-29. Предноста која гостите ја имаа во продолжение се движеше од два до три гола.

Воркапиќ на четири и пол минути до крајот со својот десети погодок донесе 29-33, но Алкалоид не се откажа во 58-та минута намали на 31-33, и имаше шанса за нешто повеќе. По одбраната на Кизиќ, Тордарсон не успеа да донесе драма, Валах го одбрани неговиот удар. Хориха промаши, а Велковски доближи на 32-33, но не остана доволно време за сензација.

Во исто време со оваа средба се играше меч од плеј-аут, а таму Прилеп славеше со убедливи 25-34 против Радовиш.

ПретходноЛукаку со последните секунди за победа на Наполи, Елмас одигра цел натпревар
СледноРастодер не запира: Нов гол и нова победа на Тун