Растодер не запира: Нов гол и нова победа на Тун

109
ФОТО: FC Thun/FB

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елмин Растодер продолжува да ги тресе мрежите во Швајцарија. Нашиот голгетер и денеска се запиша во листата на стрелци кај лидерот во швајцарското првенство, кој на домашен терен славеше со 2:1 против екипата на Луцерн.

Растодер го постигна вториот гол за Тун за предност од 2:0. Ова беше 11-от гол за Растодер оваа сезона во која има и 4 асистенции. Тој во моментов се наоѓа на 4. место на листата на стрелци во швајцарскиот шампионат.

ПретходноВардар 1961 повторно со тесна победа против Алкалоид
Следно„Граѓаните“ извлекоа три бода од гостувањето на „Еланд Роуд“