Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Лидс Јунајтед на гостински терен со резултат од 1:0 во рамките на 28-то коло од англиската Премиер лига.
Решавачкиот гол го постигна Антоан Семењо во судиското продолжение од првото полувреме, а момците на Пеп Гвардиола сега имаат 59 бода, исто толку натпревари како и лидерот Арсенал и се на два бода зад него.
Екипата на Арсенал е ставена под голем притисок пред утрешното дерби против Челзи, кој пак се бори за место во Лигата на шампионите.
Лидс сега е на 15-то место на табелата со 31 бод и сè уште е со убедливи шест бода пред Вест Хем, кој е прв под „линијата“.










