Патот до Букурешт тежок: Вардар за Гурбиндо бара 100.000 евра

404

Едуардо Гурбиндо не отпатува со Вардар за мечот со Елверум. Иако шпанскиот репрезентативец беше најавен како големо засилување во редовите на актуелниот македонски првак, сепак дојде до непосакувана ситуација.

Неофицијално е дека Гурбиндо не е во добри односи со Веселин Вујовиќ, па сака да замине во редовите на Динамо Букурешт. Се чини патот до таму не е лесен, според „Арена спорт“, првиот човек на клубот, Михајло Михајловски побарал 100.000 евра за да го пушти Шпанецот кој има договор со „црвено-црните“.

Во овој момент Динамо Букурешт понудил 30.000 евра, дали двете страни ќе најдат заеднички јазик останува да видиме.

ПретходноИталија ја прегази Германија и закажа полуфинале со Србија на ЕП
СледноМакедонија до 17 години: Оптимизам во пресрет на утрешниот дуел со Србија