Андреј Јакимовски: Можеме да победиме и во Баку!

83

Не е тајна дека во оваа наша кошаркарска селекција, Андреј Јакимовски е еден од клучните наши кошаркари. Бекот на италијанскиот Тренто и на средбата со Луксембург во Скопје едноставно ја воодушеви целата наша кошаркарска јавност. Токму затоа од него се очекува и во Баку да одигра на своето ниво и придонесе за уште еден успешен резултат на нашата најдобра кошаркарска селекција.

Еве што Јакимовски мисли за утрешниот дуел на гости кај Азербејџан:

Игравме со нив дома, знаеме какви играчи има, каква репрезентација е. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Јасно ни е на сите дека ова кус временски период на подготовка, но сепа мислам дека можеме да одиграме добро и да се вратиме со победа“ изјави Јакимовски.

ПретходноКошаркарите тренираа во Баку: Луксембург е минато, во мислите е само Азербејџан! (ФОТО)
СледноПознато е кој ќе профитира: Ова е планот на ФИФА ако Иран се откаже од Мундијалот!