Цветаноски: Благодарам за поддршката, ќе биде се во ред

76

Македонскиот интернационалец во редовите на босански Железничар, Матеј Цветаноски доживеа тешка повреда. Заработи скршеница на ногата на дуелот со Слога во рамките од купот, и веднаш откако беше пренесен со возилото на итната помош во болница му беше извршена операција.

Шокантната вест ја загрижи босанската, но и македонската јавност, а Спортспорт откако минаа неколку дена го контактираше Цветаноски за да му посака брзо опоравување.

Благодарам што сте со мене во овие тешки моменти. Да, се чувствувам подобро, најлошото мина што се вели. Операцијата е направена, и веднаш да кажам дека повредата не е од оние најлошите. Оптимист сум што се однесува до рехабилитацијата, и првичните прогнози се дека ќе бидам назад на терен, за четири до пет месеци“ – ни изјави Матеј Цветаноски.

Напаѓачот имаше поприлично добра сезона, постигна неколку голови, асистираше во повеќе наврати, а сигурни сме дека откако ќе се опорави ќе продолжи во истата насока.

 

ПретходноПавловиќ и Леао за гостинска победа на Милан (ВИДЕО)
СледноМиовски остана на клупата во уште едно историско дерби помеѓу Ренџерс и Селтик