Нашата женска фудбалска репрезентација, денеска ги стартува квалификациите за СП Лига Ц3. Избраничките на селекторот Александар Андов денеска од 12 часот во Баку, и гостуваат на селекцијата на Азербеџан. Македонија е во групата Ц3, каде се и селекциите на Андора и Унгарија.
На 7 март Македонија ја дочекува Андора и тоа во Битола. Плановите и желбите се максимални шест бода од првите два меча, впрочем тоа го вели селекторот Андов:
„Нашите планови се да освоиме шест бода во овие два натпревари. Во двата дуели ќе одиме на победа и ако ја исполниме целта ќе се најдеме на нивото кое сакавме да го постигнеме во претходните два циклуси. Во првиот за малку не успеавме да се пласираме во баражот, а сега очекувам да го направиме тој решавачки исчекор. Ова е тим кој ќе биде заедно во следните десетина години што значи дека имаме потенцијал да бележиме постојан напредок”, истакна Андов..
За овој циклус, во нашата репрезентација беше направено подмладување…
„“Почеток на нов циклус натпревари, но и ново поглавје во македонската женска фудбалска репрезентација. Овој тим е составен од фудбалерки кои беа дел од селекциите до 17 и 19 години, а тука се и фудбалерки кои и претходно беа во составот на сениорската репрезентација. Во репрезентацијата доминираат фудбалерки од домашниот шампионат. Правиме нов концепт, создаваме нов тим, кој подолг период ќе игра заедно. Во овој циклус на квалификации имаме идеална група да се види до каде сме, но и покрај фактот што екипата е целосно подмладена и во екипата имаме фудбалерки кои за прв пат ќе бидат дел од А репрезентацијата, јас сум оптимист и верувам дека можеме да бидеме подобри од Азербејџан и Андора“ дополни селекторот.










