Актуелниот македонски репрезентативец, Стефан Ашковски успешно бил евакуиран од Иран во Турција и тоа во текот на вчерашниот ден со помош на Министерството на надворешни работи на Македонија.
Оваа вест ја пренесе ТВ24.
Да потсетиме дека Ашковски е член на екипата на Мес Рафсанџан за која потпиша во јануари.
Откако дојде до војна на Блискиот Исток по нападот на САД и Израел врз Иран, по хаосот во тој дел од светот, јасно е дека сите спортски настани се откажани.
Токму затоа нормално беше и нашиот фудбалски репрезентативец да ги напушти Иран, земја која овие денови е во војна со САД и Израел.










