Вардарци посакуваат полна сала: Дуелот со Бенфика е „живот или смрт“

233

Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) на домашен терен го игра најважниот меч од главната рунда во Европската Лига. Македонскиот тим го пречекува тимот на Бенфика, само со победа може да се надева во пласман во следната рунда. Првата средба на гостински терен не мина добро за „црвено-црните“ беа надиграни и поразени со пет гола разлика.

„Се надеваме дека ќе ја наполниме салата и ќе имаме убава вечер. Се надевам дека оставивме добра слика, а ќе запишеме победа и ќе ја исполниме целта да ја минеме главната фаза. Мора да го покажеме вистинското лице. Да се покажеме во подобро лице од првиот натпревар во Лисабон. Треба да имаме повеќе мотивација за овој натпревар, бидејќи Бенфика е еден од ретките тимови кои успеаја да не победат. Треба да имаме чувство дека сме останале должни кон нашиот клуб, нашите навивачи и на луѓето кои ќе дојдат во сала да заминат со убаво чувство.

За нас дуелот со Бенфика е „живот или смрт“. Немаме луксуз да бираме, во оваа Европска лига особено главната фаза, не можеш да гледаш со потценување кон ниту еден тим. Ние мора да бидеме „300% на час“, па кој ќе ни дојде, нека дојде. Нашата цел секако е титулата во јуни, меѓутоа треба да уживаме во секој ден, да работиме добро и на секој натпревар да се игра под ултиматум да се победи. Така пораснав и така играв, а сакам така да игра и мојот тим“, смета тренерот на Вардар.

Билети за мечот со Бенфика се уште има, а на Вардар 1961 му е потребна фантастична атмосфера.

ПретходноРакометарките заминаа за Белгија, Грчевски порача: Одбраната ќе биде клучна
СледноАврам Грант гостин на екипата на Брера Струмица