Ракометарките заминаа за Белгија, Грчевски порача: Одбраната ќе биде клучна

160

Македонската женска ракометна репрезентација денеска замина за Белгија каде утре го игра првиот од двата квалификациски дуели против оваа селекција за пласман на Европското првенство 2026 година.

Македонија исто како и противникот има два порази на стартот во овие квалфикации, за победа на двата меча ќе значи освојување на третото место кое носи пласман на континенталното натпреварување.

„Знеме што значат и двата натпревари ќе пробаме да направиме позитивен резултат на гостински терен. Белгија има изненадувачки добра екипа, има ракометарки кои играат во Франција, Холандија…Ќе пробаме максимално да се подготвиме, ќе дадеме се од себе за да имаме добар реванш. Секој гол ќе биде важен и за нас, но и за нив. 

Клучна ќе биде одбраната особено на гостински терен, да примиме помалку голови, а да дадеме што повеќе. Одиме чекор по чекор, не би давал изјави за вториот меч, важен е првиот дуел во овој момент. Мислам дека ќе успееме и ќе се вратиме со посакуваниот резултат“, изјави селекторот Кристијан Грчевски. 

Натпреварот меѓу Белгија и Македонија се игра утре со почеток во 20:10 часот, реваншот е за три дена во Куманово.

ПретходноФлик пред вечерашниот реванш против Атлетико: „Веруваме дека можеме до подвиг!“
СледноВардарци посакуваат полна сала: Дуелот со Бенфика е „живот или смрт“