Женската А репрезентација поразена во Баку од Азербејџан

169

Македонската А женска репрезентација загуби од Азербејџан на натпреварот од 1. коло во квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство. Во Баку, нашата селекција е поразена со 2:0.

Александра Марковска и Симона Мејер во првото полувреме имаа свои обиди за погодок, но нивните удари беа изблокирани. Јафарзаде во 28. минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78. минута, ја потврди победата на Азербејџан. Максути и Николовска имаа шанси за гол во вториот дел за Македонија, но не беа успешни во завршницата.

Македонија: 1. В. Панчурова, 21. Б. Петкова (85` Петкова), 6. М. Панева, 5. П. Николовска (85` Петкова), 19. С. Мејер, 10. Т. Галабовска, 8. А. Марковска, 7. М. Грозданова (61` Бошевска), 14. Е. Величковска (74` Панеска, 9. И. Максути, 11. Х. Мустафа (61` Павловска)

Селекцијата предводена од Александар Андов првите бодови во групата ќе ги бара на домашен терен против Андора. Мечот се игра на 7. март во Битола на стадионот „Петар Милошевски“

ПретходноАмериканецот уште долго ќе биде дел од Јувентус
СледноСтефан Деспотовски во тимот на колото во Србија