Македонскиот интернационалец и репрезентативец Стефан Деспотовски се најде во тимот на колото во шампинатот на Србија за изминатата кампања.
Деспотовски и неговиот тим ОФК Београд направија изненадување со победата над фаворитот Партизан во саботата со конечни 1:2, а нашиот репрезенативец одигра перфектни деведесет минути. Се справи со константните напади на домашните офанзивци, а имаше и запазена улога на противничката половина.
Деспотовски го пронајде своето место во ОФК Београд каде што се презадоволни од неговите настапи, а тој со нив го заслужи и повикот за националниот тим на Македонија во изминатиот период.











