Сепак Роналдо не побегнал од С.Арабија: Португалецот е во Ријад и си тренира!(ФОТО)

382
ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN

Веројатно само “АС“ денеска ја имаше приказната на денот дека сепак Кристијано Роналдо не е побегнат од С. Арабија, за разлика од “големите“ инсајдери и познавачи на приликите, како и морето медиуми кои потврдуваа дека во приватниот авион на Португалецот бил и тој и дека слетал во Мадрид. Некои тврдеа дека е виден и во главниот град на Шпанија.

Сепак попладнево сите тие шпекулации ги демантираше неговиот клуб, Ал Наср кој со фотографии од денешниот тренинг потврди дека мега -ѕвездата не е побегната од С.Арабија туку е во Ријад и декаси тренира со останатите играчи на тимот.

Ова значи дека само “АС“ беше во право кога пренесе дека во авионот кој леташе од Ријад до Мадрид не бил фудбалерот, туку само неговото семејство.

ПретходноШок за Реал и Бразил: Родриго ги скинал лигаментите, ќе го пропушти и Мундијалот!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Бесарт сам го “реши“ Пелистер