Пред полни трибини Вардар 1961 го игра дуелот против Бенфика во претпоследното коло во Европската лига. Избраниците на Иван Чупиќ одиграа сосема спротивно прво полувреме од првата средба против португалскиот тим, не му дозволија на противникот да биде комотен од стартот, но му дозволија да дојде на минус еден 15-14 после 30. минути игра.
Валах остана на шест одбрани, Да Силва и Воркапиќ имаат по четири гола.
Македонскиот тим на крилата на неверојатниот Валах после 15 минути игра имаше позитива од 7-3. Чуварот на мрежата во овој период запиша шест интервенции, три во низа пред средината на првото полувреме, еден пенал одбрани Еспиња. Вардар 1961 можеше и подобро, но правеше грешки во напад.
Од пред стартот на 20 минута, гостите со два гола во низа дојдоа на минис два 10-8. Во 24. минута Вардар 1961 остана со двајца играчи помалку на теренот, Бенфика искористи и намали на 11-10. Од овој момент „црвено-црните“ беа на позитива од еден до два гола. На одморот резултатот е 15-14.









