Вардар 1961 ја прегази Бенфика за осминафинале во Европската лига (ФОТО)

709

Вардар 1961 успеа да дојде до посакуваната победа против Бенфика, пред полни трибини и одлична атмосфера славеше со 33-27 (15-14) и сега во рака има осминафинале, останува во следното коло да видиме дали ќе успее да дојде до триумф против Мелсунген на гостински терен за прво место во групата, а со тоа и да обезбеди директно место во четвртфиналето.

Во групата на „црвено-црните“ е вистински хаос, Мелсунген не успеа да слави против Кристијанштад, па сега има шест бода исто колку и Вардар 1961, по четири имаат Бенфика и Кристијанштад.

Македонскиот тим на крилата на неверојатниот Валах, после 15 минути игра имаше позитива од 7-3. Чуварот на мрежата на „црвено-црните во овој период запиша шест интервенции, три во низа пред средината на првото полувреме, еден пенал одбрани Еспиња. Вардар 1961 можеше и подобро, но правеше грешки во напад.

Од пред стартот на 20 минута при 10-6, гостите со два гола во низа дојдоа на минис два 10-8. Во 24. минута Вардар 1961 остана со двајца играчи помалку на теренот, Бенфика искористи и намали на 11-10. Од овој момент „црвено-црните“ беа на позитива од еден до два гола. На одморот резултатот беше 15-14, откако Кавалканти постигна неверојатен гол.

Вардар 1961 мечот го реши во првите 17 минути од второто полувреме, со цврста одбрана и подобар напад, на крилата на своите фанови со серија од 6-1 успеа да дојде до водство од седум гола 27-20. Бенфика беше во транс, едноставно немаше решение за разиграниот македонски тим, кој вечера, особено во вториот дел ја покажа својата вистинска сила.

Чупиќ на пет минути до крајот повика тајм-аут, бидејќи Бенфика со два гола во низа намали на 28-24. Сепак ова не беше доволна закана по резултатот, бидејќи Вардар маршираше кон победата.

Малус со девет погодоци беше прв стрелец, зад него беше Воркапиќ со осум погодоци.

„Црвено-црните“ на 10. март му гостуваат на Мелсунген каде ќе биде познат комплетниот расплет во групата 3.

ПретходноПотег за почит: Матеј посети навивачка на Железничар повредена при трамвајската несреќа
СледноИ ЕХФ не може да одолее да „проектилот“ на Малус