Во новото коло од домашниот кошаркарски шампионат на Македонија, тимот на ТФТ Скопје ја орпавда фаворитската улога и славеше над тимот на Ангели со конечни 66:95.
Уште од самиот старт на мечот гостите покажаа кој е кој и ја добија првата четвртина со 17:25. Следуваше домашно будење во втората делница која ТФТ ја доби со само два поени, за да по паузата гостите повторно „додадат гас“ и ја добијат третата четвртина со 10:25.
До крајот фаворитот рутински го приведе мечот до крај.
Ташовски најјефикасен со 23 поени, додека Ренг кај домашните најдобар со 18.










