Куп: Вардар го мина Бутел и закажа пресметка со Е. Пелистер 2

109

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, екипата на Вардар, успешно ја мина првата пречка во Купот на Македонија. Вардар денеска славеше против Бутел со 26:19 и обезбеди пласман во утрешното финале, каде за противник ќе ја има екипата на Е. Пелистер 2.

Вардар со силно второ полуреме рутинскид ојде до победата. Најдобар стрелец беше Кеита со 4 гола, додека кај Бутел, Киселовски постигна исто толку.

Противникот во утрешното финале за место на Ф4 турнирот, екипата на Е. Пелистер 2

Ривал на Вардар во битката за Ф4 ќе биде тимот на Еурофарм Пелистер 2, славеше со 28-23 против екипата на Мулти Есенс. Избраниците на Александар Зарков не дозволија изненадување и го потврдија дуелот со лидерот во домашната Суперлига.

ПретходноПобеда во Куманово: Ракометарките и вратија на Белгија, сега ќе чекаме расплет за место на ЕП
СледноСпанулис „избега“ од Монако, банкротот се поблиску