Антонио Конте би се вратил во Премиер-лига, но само во еден тим

721

Антонио Конте во овој момент одмара од тренерската работа, тој ја има улогата на коментатор и засега нема намера да промени нешто. Пред извесно време имаше понуда од Тотенхем, но истата ја одби.

Италијанецот нема да ја прифти ниту понудата од Арсенал доколку дојде до смена на Артета.

Конте кој си замина од Интер поради недоверба од страна на челниците на клубот и нивните намери за Европа, сака да се врати во Премиер-лигата. Тој со Челзи освои титулата, а потоа постави рекорд по бројот на победи во една сезона.

Според неофицијални извори тој би седнал само на клупата на Манчестер Јунајтед. Иако се чинеше дека Оле Гунар Солскјер е сигурен, сепак по поразот од Јанг Бојс работите почнаа да се менуваат.

Клубот го очекува битка за титулата, доколку тоа не се случи, секако на лето ќе дојде до промени. Оваа вест ќе биде добра и за Погба, кој токму благодарение на Италијанцот се афирмира во Јувентус, па шансите да остане ќе бидат поголеми.

Останува да видиме какви игри ќе прикаже Јунајтед во иднина.

ПретходноГолманот на Клуб Бриж ги пецна фудбалерите на ПСЖ по ремито
СледноПад за две места на Македонија на ФИФА листата