8 Март е само потсетник: Почитта кон жените не смее да биде само еден ден!

151

8 Март не е само датум во календарот. Тој е потсетник на силата, храброста и упорноста на жените кои секојдневно се борат да бидат слушнати, почитувани и вреднувани.

Во „Женски спортски приказни“ досега разговаравме со жени кои не се плашат да чекорат напред. Жени кои создаваат иднина во спортот, кои рушат стереотипи и покажуваат дека лидерството нема пол.

Секоја од нив има различен пат, различни предизвици и различни победи. Но сите ги поврзува истото – храброста да стојат исправено и кога е најтешко.

Затоа почитта кон жените не смее да биде само еден ден во годината. Таа мора да биде вредност што ја живееме – секој ден.

„Женски Спортски Приказни“ е проект посветен на жените во спортот. До сега разговаравме со уникатни жени во спортот, продолжуваме и понатаму, нашата цел е да инспирираме, мотивираме и охрабруваме.

ПретходноТасев: Посакувам супер дерби, со многу шанси и победа на Тиквеш
СледноПеп Гвардиола шокиран од одлуката на Манчестер Сити!