Во очекување на утрешните дуели од последното 22. коло од вториот круг на домашниот фудбалски шампионат, познати се и главните арбитри кои ќе ја делат правдата.
Дербито меѓу Силекс и Вардар во Кратово ќе го суди нашиот интернационален судија Игор Стојчевски од Скопје.
Дуелот во Тетово меѓу екипите на Шкендија и Брера ќе му припадне на Фатмир Бафто. И двата дуели почнуваат во 14 часот.















