Германскиот репрезентативец, Леон Горецка го продолжи договорот со Баерн Минхен. Соработката беше најавена од пред неколку дена, но сега истата ја потврди баварскиот гигант.
Тој во таборот на Баерн Минхен ќе остане до 2026 година, неговиот претходен договор беше до 2021 година. За неговите услуги беа заинтересирани Реал мадрид и Манчестер Јунајтед, но сепак донесе одлука да продолжи со актуелниот првак во Германија.
26-годишниот фудбалер во клубот дојде во 2018 година, претходно играше за Бохум каде ги мина сите младински школи.
Тој е стандарден репрезентативец на Германија, има 28 настапи и 14 гола.
Um weiter Geschichte zu schreiben! 🔴⚪ #LG2026 pic.twitter.com/ygAhHk6iug
— FC Bayern München (@FCBayern) September 16, 2021
ФОТО: Баерн Минхен/Твитер