Перо Антиќ стана амбасадор на АБА лигашот Игокеа

144

Македонската кошаркарска легенда, и некогашен претседател на КФСМ, Перо Антиќ од денеска и официјално стана амбасадор на АБА лигашот, Игокеа. Тимот со кого е познато дека Антиќ има тесни пријателски односи, сега веќе истите може да се наречат и професионални.

„Со големо задоволство објавуваме дека Перо Антиќ станува амбасадор на нашиот тим Игока. Неговата харизма, професионализам и спортски дух ќе бидат силна инспирација на сите кои се дел од нашата заедница. Заедно градиме нови успеси“, порача Игор Додик, првиот човек на клубот.

 

ПретходноКристијано Роналдо ја прослави победата на својата Алмерија!(ФОТО)
СледноЕве зошто Мбапе ќе патува во САД и покрај повредата!