Вардар 1961 одигра уште еден одличен европски меч, овој пат за директен пласман во четвртфиналето во Европската лига. Македонскиот тим на гостувањето кај Мелсунген славеше со 25-34 и заврши на првото место во својата група 3 во главната рунда. За место на завршницата „црвено-црните“ ќе играат со подобриот од мечот меѓу Монеплје и Елверум.
Да Силва постигна шест гола, исто колку и Воркапиќ, додека стрелец на пет гола беше Боно.
Добар старт на избраниците на Иван Чупиќ, во првите десет минути отворија со 1-6, но потоа застанаа, пад во играта беше доволен знак за да домашниот тим врати со серија од 5-1 и израмни на 7-7 на средината на првото полувреме. Иван Чупиќ повика тајм-аут, а неговите момци одговорија на ист начин, со серија од 5-1 поведоа со 8-12 во 23 минута. На одморот резултатот беше 12-17. „Црвено-црните“ играа како на домашен терен, имаа бројна поддршка од своите навивачи чија песна ечеше постојано.

Со головите на Лазаревски и Тузолана, и една одбрана на Валах, Вардар за само три минути игра поведе со 12-20. Од овој момент, неколку судиски одлуки и исклучувања, Мелсунген со 7-3 дојде на 19-23.
На стартот на 50. минута, Вардар со головите на Гоце Георгиевски и Воркапиќ зголеми на 20-28. Оваа позитива се покажа како повеќе од доволна за победа за „црвено-црните“.










