Вардар се враќа на Арената, дуелот со Брера е в сабота од 14:30

154

Лидерот на ПМФЛ конкуренцијата, екипата на Вардар својот следен домашен дуел ќе го одигра на матичниот свој стадион, Арената Тодор Проески во Скопје.

Со ова дефинитивно е одлучено, Вардар да се врати дома што се вели, и да го замени Комплексот Петар Милошевски каде што пролетва ги играше своите домашни мечеви со нашиот најголем стадион.

Од ФК Вардар информираа дека билетите за дуелот против Брера кој што е закажан за в сабота од 14:30 часот веќе се пуштени во продажба и можат да се набават на билетарата на Арената.

https://mktickets.mk/event/fk-vardar-fk-brera/

ПретходноДисциплинска комисија при ФФМ: Шкендија казнета поради слаба организација, два меча суспензија за Васоски
СледноИнфантино со нулта толеранција за расизам во фудбалот