ТФТ со соопштение: Мечот со МЗТ Скопје ќе се игра во Гевгелија без гостински навивачи!(ФОТО)

150

Големото дерби во нашата елитна кошаркарска лига меѓу ТФТ и МЗТ Скопје ќе се игра во петок од 18 часот и тоа во Гевгелија. Од таборот на овој клуб искочија со соопштение во кое посочуваат дека на ваков потег се приморани поради тоа што во СЦ “Борис Трајковски“ нема слободен термин. Инаку со оглед на тоа дека се игра во Гевгелија во сала со капацитет од 500 гледачи, не ќе може да присуствуваат гостински фанови.

Соопштението на ТФТ ви го пренесуваме во целост:

Соопштение до јавноста!

Почитувани,

Во ова соопштение би сакале да ги разјасниме работите кои кружат во кошаркарските кулоари. Како што знаете и самите, првично натпреварот помеѓу КК ТФТ СКОПЈЕ и МЗТ СКОПЈЕ беше делегиран во спортскиот центар Борис Трајковски (каде што сакаме во иднина да ги играме сите домашни натпревари) на 16.03.2026.

За време на престојниот викенд, нема слободен термин во СЦ Борис Трајковски, поради оддржување на два музички концерти.

Во меѓувреме добивме официјален e-mail од АБА2 лигата кадешто согласно нивниот договор со Арена Спорт нашето барање за преместување на 1/4 финалниот натпревар беше одбиено, со што тој натпревар треба да го одиграме на 17.03 против екипата на КК Златибор во Златибор.

За нас како клуб, во овој историски момент за нас, каде за прв пат се наоѓаме во АБА2 плефојот, овој натпревар е приоритет.

Дополнителни, согласно со барањето на КК МЗТ Скопје за присуство на гостински навивачи би сакале да ве известиме за следното:

Поради фактот што овој натпревар сме приморани (не по наша вина) да го одиграме во спортскиот центар НБ Ноел во Гевгелија кој располага со една трибина и вкупен капацитет од 500 гледачи, по консултација со надлежните – од безбедносни причини нема можност за присуство на гостински навивачи.

За нас како клуб кошаркарката пред полни трибини секогаш било приоритет, за што и самите сте сведоци како било во минатото.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од страна на сите љубители на кошарката кои сакаа да присуствуваат на ова дерби.

Нека победи подобриот.

Спортски поздрав“ се вели во соопштението на ТФТ.

Претходно„Бомба“: Капитенот на Јунајтед пред можен трансфер во Арсенал?!
СледноОд сабота до понеделник: Познати се термините и сатниците на мечевите од 23.коло во ПМФЛ!