Кошаркарките убедливо поразени од Данска

50
Фото: ФИБА

Македонската женска кошаркарска репрезентација со убедлив пораз од 125-57 се враќа од гостувањето кај Данска во првата фаза од кваалификациите за Европското првенство 2027 година. Иако против оваа селекција веќе запишавме победа, сепак промените во составот беа пресудни за крајниот исход. Македонија го запиша третиот пораз и остана на последното место во групата Ф.

Хемпе со 27 поени и Селцова со 10 поени беа единствените кошаркарки со двоцифрен број на поени, Стојановска имаше 9 поени и 7 скока.

Данска доминираше во текот на целиот меч, поведе со 29-21 после првата четвртина, а веќе на полувремето водеше со 56-33. Нашите кошаркарки беа немоќни во продолжение.

Следен противник на селекторот, Александар Ашаданов и неговите избранички е Грција, мечот се игра на 14 овој месец на гостински терен.

ПретходноОд сабота до понеделник: Познати се термините и сатниците на мечевите од 23.коло во ПМФЛ!
СледноУ-20:Атанасовски донесе победа против Лихтенштајн