0
Полицијата во Загреб вчера во средиштето на градот, спречила голема тепачка меѓу навивачи на Динамо Загреб и Вест Хем пред нивниот денешен меѓусебен дуел, при што уапсила седум гостински фанови.
Полицијата прецизираше дека инцидентот се случил во 21:25 часот, на тераса во кафуле во центарот, откако имало тензија меѓу гостинските и домашните навивачи, со употреба на палки, па така издвоила и задржала четири државјани на Велика Британија.
Во исто време интервентна полиција уапсила уште три лица кои меѓусебно се степале. Еден од навивачите е пренесен во болница поради повреди. Исто така во инцидентите е повреден и хрватски државјанин.