ЛЕ и ЛК 1/8 финале: Без победник во италијанската пресметка, Вила и Порто со гостински победи, Рајо убедлив кај Самсунспор!

43
ФОТО:.facebook.com/bfc1909official/

Од терминот од 18:45 часот се одиграа осум средби од првите мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Интересно беше во Болоња, каде истоимената домашна екипа против Рома во италијанската пресметка одиграа 1:1. Домашните поведоа со голот на Бернадески, за да Рома израмни со голот на Пелегрини.

Астон Вила како гости славеше кај Лил со 0:1, а Порто со 1:2 го победи Штутгарт. Пао дома славеше со Бетис со 1:0.

Во ЛК Рајо Ваљекано како гостин го победи Самсунспор со 1:3. Да потсетиме дека и двете екипи и беа ривали на Шкендија оваа европска сезона.

ЛИГА ЕВРОПА

Болоња – Рома 1:1

Лил – Астон Вила 0:1

Панатинаикос – Бетис 1:0

Штутгарт – Порто 1:2

ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ

АЗ Алкмар – Спарта Прага 2:1

Лех – Шахтјар 1:3

Ријека – Стразбур 1:2

Самсунспор – Рајо Ваљекано 1:3

ПретходноМенди ќе пропушти неколку мечеви
СледноХајдук тргнува по капитенот на У17 на Македонија!