Само тој тоа го може. Шведскиот феномен Мондо Дуплантис вечерва ја отвори новата сезона со повторно кревање на летвата и подобрување на сопствениот светски рекорд во скок со стап. Дуплантис достигна импресивни 6,31 метри, докажувајќи уште еднаш својата неоспорна класа. Досегашниот рекорд беше 6.30 метри,Таквото достигнување веќе станува рутина за атлетската ѕвезда. Тој повторно успеа да блесне пред домашната публика, триумфирајќи на турнирот „Мондо Класик“. Најимпресивната работа кај Швеѓанецот е неговиот спортски дух и упорност. Тој ги претвори победите во норма, а неговите евентуални порази во вистинска сензација. Во текот на својата кариера како професионален спортист, Дуплантис има акумулирано вкупно 130 победи. Уште поневеројатно е фактот дека последните 50 од нив се постигнати во последователна серија. Со други зборови, тој триумфирал на 80 од последните 82 натпревари на кои учествувал. Статистиката е јасна – шампионот не изгубил од 21 јули 2023 година.
mondo duplantis 6.31 MOSTRUOSO pic.twitter.com/1zbCB5xwUD
— bea (@sonostronzaaa) March 12, 2026










