Полувреме: Струга ТЛ лесно до 3:0 против “лавовите“!

50

И полесно од очекувањата, Струга ТЛ по првото полувреме има убедливо водство против Македонија ЃП од 3:0, во првиот меч од 23.коло или третиот круг во тековната сезона.

Хамза во 7 минута шутитраше силно, Јанков киксираше па топката низ рацете и нозете се протна во голот за 1:0. Во 26.минута Бојку од десно шутираше, Перес ја зафати таа топка која заврши во мрежата на Јанков. Во 31.минута Јевтоски од слободен удар ја погоди стативата, а десет минути истиот играч зголеми на 3:0.

Лесна игра на стружани, се чини дека го го решија овој меч во своја корист уште по првиот дел, додека “лавовите“ едноставно се немоќни против далеку поквалитетниот состав на Струга ТЛ.

Четири шанси и три гола за составот на стратегот Бледи Шкемби.

ПретходноГРК Охрид vs Алкалоид: Пресметка помеѓу актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп и сонувачот
СледноПричината е Мбапе: Реал Мадрид и Франција во сериозен конфликт!