Капитенот на швајцарски Кадетен Шафхаузен Димитриј Кутел се враќа на ракометните терени по 10 месеци борба со канцерот. Искусниот ракометар на швајцарскиот тим поради рак на лимфните жлезди мораше да најави пауза од ракометот. Поради тоа, раководството на Кадетен Шафхаузен неговата позиција ја пополни со ракометарот од Унгарија, Донат Барток.
Последниот настап, Кутел го имаше на 17 ноември минатата година против Еурофарм Пелистер во рамките од Лига на Европа.
„Му дадовме полесни задачи и ќе го следиме неговиот напредок. Ќе гледаме како напредува од ден на ден. Мораме да бидеме внимателни, а исто така да му даваме и подолги паузи помеѓу тренинзите“, изјави Дејвид Граубнер, директорот на Кадетен.
„Помина долг период. Повлеков линија и сега одам напред. Од почеток не сакам да се форсирам туку внимателно да го слушам телото“, изјави Кутел.