Бенитез: Стартот на Евертон е речиси перфектен

179

Менаџерот на Евертон Рафаел Бенитез го оцени речиси перфектен стартот на Евертон во Премиер лигата оваа сезона и им се заблагодари на фановите кои, според него, имаат голема заслуга за трите победи во првите четири меча ов најсилната англиска лига. Бенитез дојде на „Гудисон парк“ во август, а веднаш ги освои симпатиите на навивачите на „карамелите“.

Стартот на сезоната ни е речиси перфектен. Велам речиси перфектен затоа што одигравме едно реми со Лидс. Никогаш не е лесно за играчите кога менаџерот ќе им биде сменет токму пред стартот на новата сезона, но во мојот случај има и историја со Ливерпул. Меѓутоа фановите застанаа зад нас уште од првиот ден. Тие не поддржуваат и оценуваат дека сите во клубот – јас, играчите, другите тренери се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе“, изјави Бенитез.

Евертон ги победи Саутемптон, Брајтон и Барнли, а ремизираше со Лидс. Во меѓувреме го победи и Хадерсфилд во Лига купот. Наредниот меч на „карамелите“ е против Астон Вила во сабота (18:30 часот).

ПретходноШтутгарт и Пешевски влегоа во црна серија
СледноДаноски потпиша за Младост Лучани